Светското население со оптимизам во 2016 година

Ширум светот луѓето со оптимизам и среќно ја дочекуваат Нова година, покажува денеска објавеното истражување на Институтот „Галуп“, кое укажува дека Европејците се попесимистички расположени од Азијците.
Две третини, односно 66 отсто од испитаниците навеле дека се среќни со својот живот и 54 отсто од нив очекуваат дека 2016. ќе биде подобра од годината што изминува.
Истражувањето на јавното мислење по повод крајот на годината покажало дека освен среќната третина има десет осто несреќни и една четвртина „неутрални“ испитаници.
Најголем дел од среќните луѓе се оние со големи примања, а што се однесува до верата чувството на среќа е најприсутно кај атеистите и агностиците (75 отсто), потоа следат хиндусите, по нив католиците и муслиманите, а по нив будистите и протестантите.
Истражувањето покажа дека најголем дел од среќните луѓе живеат во Латинска Америка.
Што се однесува до очекувањата за следната година 54 отсто сметаат дека ќе биде подобра од 2015., една четвртрина не очекува промени, а само 16 проценти со песимизам гледаат на иднината.
Регионално набљудувано се гледаат значителни разлики, бидејќи Европа со 27 отсто оптимисти е далеку под светскиот просек, додека Азијаците со 63 отсто се над просекот.
Во Европа најпесимистични пред Нова година се Италијанците, од кои 52 отсо изјавиле дека очекуваат оти 2016 година ќе биде полоша од оваа, а само 15 отсто очекуваат подобра година.
Во Кина 76 од населението се оптимисти, во Индија 60 отсто, во Русија 54 проценти, а во Бразил 50 отсто.
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
