Светските медиуми за победата на Пендаровски
Дел од светските медиуми за вчерашниот втор круг од претседателските избори во Република Северна Македонија наведуваат дека „победник е прозападниот кандидат Стево Пендаровски“.
„Њујорк тајмс“ под наслов „Поддржувачот на промена на името избран за претседател“ наведува дека во вториот круг од претседателските избори избран е „кандидатот поддржан од Владата, кој планира да ја внесе земјата во НАТО под новото име“.
Весникот посочува дека Стево Пендаровски освои околу 52 проценти од гласовите, додека неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова освои околу 45 отсто.
Британскиот весник „Гардијан“ под наслов “Нашиот билет за Европа”: Северна Македонија избра прозападен претседател“ наведува дека на изборите победи кандидатот што беше фокусиран на промена на името на земјата и нејзиното членство во ЕУ и во НАТО.
Веста за победата на Пендаровски ја објавија и „Дојче веле“, хрватската новинска агенција ХИНА, германската новинска агенција ДПА и британскиот сервис Би-Би-Си објавија дека победникот на изборите е кандидатот на владејачката коалиција Пендаровски.
Додека турската новинска агенција Анадолија ја пренесува изјавата на Пендаровски дека ќе биде претседател на сите граѓани. ми
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд