Светскиот ден без тутун - 31 мај

Под мотото „Избери здравје, а не тутун“, Министерството за здравство во соработка со Светската здравствена организација и Институтот за јавно здравје традиционално го одбележуваат 31 мај - Светскиот ден без тутутн.
Употребата на тутун и изложеноста на пасивно пушење придонесуваат за приближно 12 проценти од сите смртни случаи кај срцевите заболувања.
Во Република Македонија, според податоците од Институтот за јавно здравје, во 2016 година од болести на циркулаторниот систем починале 10.920 лица со стапка на смртност од 526,9 на 100.000 жители. Болестите на кардио-васкуларниот систем учествуваат со 53,5 проценти во вкупниот морталитет и се на прво место во структурата на причини за смрт
Кампањата има за цел превенција и намалување на употребата на тутун.
Според податоците на СЗО пушачите два до четири пати почести страдаат од срцев и мозочен удар за разлика од непушачите, додека пасивните пушачи имаат 25 до 30 проценти зголемен ризик.
Во Македонија возрасните лица од 15 до 64 години пушат во 46 проценти, од нив 54,1 процент се мажи. Кардиоваскуларните болести се одговорни за над 50 проценти од сите смртни случаи годишно во Македонија, додека од срцев удар повеќе умираат мажи, а од мозочен удар повеќе умираат жени.
Ново на Сител
-

САД најавија блокада на иранските пристаништа по неуспешните преговори
-

Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа
-

Денеска се слави Светол понеделник - вториот ден од Велигден
-

Фон дер Лајен смета дека Унгарија се вратила на европскиот пат
-

Сончево со умерена облачност
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026
-

Обид за опожарување на објектот на еврејската заедница во Македонија и синагогата
-

Џон Кери: Нетанјаху предлагал напад врз Иран на претходни американски претседатели, сите одбиле
