Светски ден на сеќавање на жртви од сообраќајки, еден загинат секои два-три дена

Во државава во просек, 150 до 160 лица годишно го губат животот во сообраќајни незгоди, односно по едно лице на секои 2-3 дена. Околу 6 200 лица, секоја година се повредени во сообраќајни незгоди.Во 2018 година, 133 лица го загубија животот на улиците и патиштата во Северна Македонија, а 5 860 лица се сериозно повредени.
На ваквата црна статистика потсетува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) по повод Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, што се одбележува денеска по мотото „Време е! Разбуди ја свеста и кажи стоп за смртта на патиштата.
– Секоја година, нови настрадани – загинати и поврдени лица, се додаваат на безброј милиони што веќе страдаат како последица на сообраќајните незгоди. Затоа РСБСП упатува на апелите: Време е! Разбуди ја свеста и кажи стоп за смртта на патиштата!“. Стоп за возачите кои без размислување притискаат на педалата за зголемување на брзината! Стоп за возачите кои возат пијани! Стоп за не користењето на безбедносните појаси! Стоп за возачите кои возат технички неисправни и небезбедни возила! Стоп за мотоциклистите без заштитна кацига! Стоп за лошите патишта! Стоп за не одбележаните пешачки премини ! Стоп за небезбедените велосипедски патеки!

Годишно, 1,3 милиони луѓе, од сите страни на светот, го губат животот во сообраќајни незгоди, а 20 до 50 милиони лица се повредени. Тоа значи дека над 3.500 лица умираат дневно, како последица од сообраќајни незгоди, односно на секои 25 секунди едно лице го губи животот во сообраќајна незгода.
-Товарот на тага и неволја што го доживуваат огромен број луѓе како последица на сообраќајните незгоди е сè поголем затоа што голем дел од жртвите и повредените лица во сообраќајни незгоди се деца и млади. Годишно во светот, околу 400.000 млади лица, на возраст до 25 години, го губат животот во сообраќајни незгоди, односно 1100 млади лица, на возраст до 25 години, секој ден го губат животот во сообраќајни незгоди, соопштува РСБСП.
Нивните анализи покажуваат дека сообраќајните незгоди, претставуваат прва причина за смртност за лицата на возраст од 15 до 19 години, втора причина за смртност за лицата на возраст од 10 до 15 години и од 20 до 24 години и трета причина за смртност за лицата на возраст од пет до девет години.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
-

Македонските одбојкари пред полни трибини на отворањето на ЕП во Софија
-

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата
-

Охридскиот аеродром со ново лице, поголем капацитет и подобри услови за патниците
-

Потпишан договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив
