Светски ден на Алцхајмеровата болест
Светскиот ден на Алцхајмеровата болест ќе биде одбележан денеска во Скопје, со порака заеднички да влијаеме кон подигнување на јавната свест за болеста, која што ја нарекуваат епидемија на 21 век.
Настанот ќе се одржи на плоштадот „Македонија“ со почеток во 12:00 часот. На настанот ќе присуствува и сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска.
Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест – 21 септември се одбележува по иницијатива на СЗО од 1994 година со цел да се подигне свеста за ова заболување, кое се шири и зема се поголем замав во светот. Според некои податоци секој 68 секунди некој во светот развива Алцхајмерова болест.
Тоа е болест од групата на невродегенеративни заболувања. Обично се јавува кај населението над 65 годишна возраст и е одговорна за 60 отсто од дементните заболувања. Причините за појавата на Алцхајмеровата болест не се целосно разјаснети.
Ново на Сител
-
Дисциплинска за полицајците кои го пуштија Груби
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да го повикаат Груби да се врати
-
Македонија годината ја завршува на 67. место на ФИФА ранг-листата
-
Мекинро: Не верувам дека долго ќе трае соработката меѓу Ѓоковиќ и Мареј
-
Пакистан се обидува да ја засили дигиталната контрола
-
Путин: Руската економија „стабилна“ и покрај „загрижувачката“ инфлација
-
Зеленски: САД и ЕУ само заедно можат да ја спасат Украина
-
Фатени двајца бегалци од затвор