Џет-Сет
19. December 2017 - 20:45

Светот до сега ова не го виде: Прва заедничка фотографија на Кристијано Роналдо со сите свои деца

Моментално најдобриот фудбалер на планетата Кристијано Роналдо првпат позираше со сите свои деца.

Првпат заедно на фотографија се Кристијано, неговата девојка Георгина Родригез која неодамна се породи и на свет ја донесе Алана Мартина, најстариот Кристијано Јуниор како и близнаците Матео и Ева.

Георгина фотографијата со ѕвездата на Реал и четирите деца ја објави на Инстаграм, каде за помалку од 20 часо доби над 810.000 лајкови.

-Со тебе на свет донесов живот, напиша Георгина.

Георгина се породи кон средината на ноември и на свет ја донесе Алана Мартин, првото дете на Кристијано кое има мајка. Ронадло претходно доби три деца од сурогат мајки.

Најстаропт Кристијано Јуниор има 6 години, а близнаците Ева и Матео се родени летоска.