Свечена академија „55 години Битолски весник“
Редакцијата на „Битолски весник“ со свечена академија го одбележа јубилејот, 55 години од основањето и излегувањето на првиот број на весникот.
Од 1964 година до денес редакцијата на „Битолски весник“ отпечатила 2.815 броеви на весникот, без нити еден ден прекин во издавањето, нагласи Менде Младеновски, директор на „Битолски весник“.
-За „Битолски весник“ велат дека е Светилник на македонското новинарство, сведок и хроничар на градот, но и колективна меморија на Битола. На сите читатели им благодарам за поддршката, никогаш нема да ги изневериме нивните очекувања и секоја среда и понатаму ќе го имаат Весникот во своите раце, рече Младеновски и додаде дека „Битолски весник“ ќе опстои во медиумскиот простор.
На свечената академија, пред претставници на јавниот живот од градот и новинарската фела се обрати и градоначалникот на Битола Наташа Петровска која од редакцијата на весникот беше наградена со златна плакета.
- Сите што се вложиле во „Битолски весник“ се луѓе на кои треба длабоко да им се поклониме, особено на оние по 90-тите кога целосно се промени концептот на финансирање на медиумите. „Битолски весник“ е жив весник кој што твори и создава за сите битолчани. Ова е момент за мотив повеќе, рече меѓудругото градоначалничката Петровска.
Во име на Здружението на новинарите на Македонија и претседателот Младен Чадиковски, на синоќешната свечена академија во Битола, јубилејот на „Битолски весник“ го честита регионалниот координатор на ЗНМ, новинарот Жанета Здравковска.
- Новинарството цел живот е маратон кој успеваат да го истрчаат само оние кои што се најупорни, новинарите кои не скршнуваат од професионалните стандарди нити од професионализмот. Во овој период кога се намалува бројот на весници во државата, а се зголемува бројот на медиуми на социјалните мрежи, слободно можам да речам дека несушна е потребата од опстанок на весниците, нагласи Здравковска.
Свечената академија „55 години Битолски весник“ заврши со концерт на наставници и ученици од Средното Музичко училиште во Битола.
Ново на Сител
-
Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво
-
Иран соопшти за најмалку 95 повредени во израелските напади во текот на ноќта
-
Израелски авиони извршија нов напад врз Иран
-
Јаневска и Сијарто потпишаа Меморандум со кој годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија
-
Не спречиле палење на пиротехниката, проширена истрагата на 13 полицајци за пожарот во дискотеката во Кочани
-
Официјален претставник на Хезболах: Ќе се држиме подалеку од израелско-иранскиот конфликт
-
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија
-
Трамп го предупредува Иран да се согласи на нуклеарен договор пред „уште побрутални“ напади