Сува трева, стрништа гореле во липковско и кумановско, во моментот нема активни пожари

Сува трева, стрништа гореле во липковско и кумановско, соопштија денеска надлежните од регионалниот центар за управување со кризи Куманово и од кумановската подружница на „Национални Шуми“. Сува трева и стрништа гореле во липковските села Матејче, Отља и Слупчане. Пожарникарите успеале да ги изгаснат. Трева и стрништа гореле и во кумановските села Четирце и Љубодраг.
- Пожарите се локализирани и завршени, моментално на територијата на општините Куманово и Липково нема активни пожари, велат од РЦУК Куманово.
На пожарите во липковско интервенирале и припадници на „Национални [уми“.
- Сите пожари се изгаснати. Многу е важно граѓаните да внимаваат и одговорно да се однесуваат, изјави в.д директорката на кумановската подружница на „Национални шуми“, Катица Станковска Ристовска.
Подружницата располага со едно противпожарно возило кое вработените во подружницата изминатиов период го користеа за гасење пожари на подрачјето на општина Старо Нагоричане.
- За проценка колку површина е зафатено сè уште не можеме детално да кажеме. Наскоро ќе почнат проценките за штетите за зафатаената површина во овој регион. Последниот пожар што беше на 3 август, годинава во село Жегљане во Старо Нагоричане според првична проценка на шумарите, зафатени се околу 20-тина хектари, сува трева, деградирана шума. Во самото село изби пожарот. Со интервенција на пожарникарите од Старо Нагоричане и Куманово и нашите вработени, пожарот е целосно локализиран, изјави Станковска Ристовска.
Во однос на кадарот, таа објаснува дека имаат вработени кои веќе се при крајот на работниот стаж, најголем дел над 60 години.
- Има недостаток на работна сила во поглед на шумочуварската служба во однос на помлад кадар. Но, успеваме сега засега и се справуваме со испраќање на тимови, изјави Станковска Ристовска.
Територијата која ја покрива кумановската подружница на „Национални шуми“ е прилично голема со три општини Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
