Сугарески апелира машиновозачите да продолжат со работа
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески апелира машиновозачите да продолжат со работа и истакнува дека е подготвен повторно да преговара со нив, но, како што вели, не по цена на уцени и нарушување и штета на работењето.
– Сакам да испратам сериозен апел. Треба да продолжат со работа, сите треба да се покажеме државно општествено одговорни затоа што секој застој таму на сите бројни проблеми што ги има 30 години во делот на долговите коишто ги имаат, да не се прават нови, бидејќи тоа е интерес и за државата и за нив, изјави Сугарески, коментирајќи го бојкотот на работата што од изутрина го почнаа машиновозачите, барајќи зголемување на надоместот на плата за квалитет поради зголемен обем на работа и недоволен број на персонал.
Како што дополни, директорот на Железницата го информирал дека утринските возови се тргнати, а очекува, како што вели, тоа да се случи и во текот на денот.
– Подготвен сум повторно да разговараме. И во мојот разговор вчера со нив укажав дека во делот на измени на систематизации секогаш и јас како ресорен министер и управниот одбор сме подготвени да преговараме, не по цена да има уцена и не по цена да се наруши и да се прави штета на работењето. Тоа е многу јасен одговор и затоа не гледам причина за каков било бојкот или штрајкови кои евентуално би се појавиле таму, рече Сугарески при посетата на зоната Визбегово.
Во Железницата, истакна тој, платите се исплаќаат навреме. Платата за декември е исплатена во целост, очекува тоа да се случи и со јануарската, а потсети дека имало зголемување за пет проценти при неодамнешното покачување во администрацијата.
– Првиот ден кога дојдов и кога почна Владата, почнавме практично со штрајк на машиновозачите и тогаш голем дел од работите ги усогласивме во делот на зголемување на коефициенти, укинување на дел антикризни мерки, а со последното зголемување на сите во државата и таму е зголемена платата. За она што евентуално сакаат да бојкотираат е зголемувањето на коефициентот за квалитет за работа, тој е зголемен од 20 на 30 проценти еднократно во декември, и сега велиме да биде од јануари пак 30 проценти, а тие бараат да биде 40. Ова се фактите, јас не сакам да помислам ниту во сон дека постои каква било политичка заднина. Се е исплатено во целост, имаме зголемување по сите основи, зголемување на платата, рече Сугарески, посочувајќи дека станува збор за серизона сума на примања.
Душко Чакаровски, претставник на вработените, за МИА изјави дека по вчерашната средба досега не биле повикани на разговор, но оти се отворени за такво нешто. Факт е, вели тој, дека има долгови во претпријатието, но потенцира оти за тоа не се виновни вработените, туку начинот на менаџирање од страна на сите влади досега.
Како што информира Чакаровски, барањето за зголемување од 30 на 40 проценти на надоместот на плата за квалитет, им е врз основа на Колективниот договор за дополнителна работа и работење со намален број на извршен персонал. Надомест од 40 проценти им бил исплаќан до пред антикризните мерки во 2008 година.
Зад организацијата на бојкотот на работата, тврди Чакаровски, не стои ниту една синдикална организација, односно во него се вклучиле 99 проценти од машинскиот персонал од различни синдикати, но и работници кои не членуваат во синдикатите.
Поради бојкотот на машиновозачите, што стратуваше изутрината во седум часот, во целосен прекин е товарниот сообраќај, а досега не е тргнат ни патничкиот воз за Велес. На возниот ред за денеска се предвидени патнички возови за Велес, Битола, Кочани, Гевгелија, Кичево, Табановце и Битола.
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска