Македонија
25. September 2023 - 16:35

Судскиот и Советот на обвинители сметаат дека се прескокнати во постапката за измена на Кривичниот законик

Владата ги одбегнала судскиот и советот на јавни обвинители при носење на измените со кои се олабавуваат казните за злоупотреба на службената положба. Досегашната пракса за нивно мислење била заобиколена, па иако судиите и обвинителите ќе го спроведуваат законот, тие не биле консултирани. Во судски оценуваат дека измените иницирани од владата се донесени скришно и без анализа за влијанието врз судските предмети.

„Сметам дека целисходно и правилно би било да имаше една транспраентан постапка каде ќе се слушнеше и нашето мислење по однос на било какви измени. Морам да истакнам дека по мое лично убедување, недоволно транспраентно, чувсто на брзина на спроведување на целата постапка за носењето на овие измени како  законски решенија и во целата состојба се сведени на состојба каде што судиите се должни да го почитуваат законот таков како што е , но без да претходно се анализираат сите евентуални последици врз основа на аргументирани состојби, на конкретни предмети и мислам дека тука требаше да учествува и Советот со свое мислење и анализи“, изјави Сашко Георгиев, претседател на Судски совет.

Во Советот на јавни обвинители немале надлежност да следат кои предмети застаруваат поради законските измени - тоа било работа на Државното обвинителство. Од позиција на долгогодишен обвинител, првиот човек на советот, вели, требаше да се консултираат судиите и обвинителите.

„Сметам дека би требало да има поголема транспрентност и вклучување на малку повеќе на практичарите пред да се донесат законите за изготвување на тие предлог законски решенија. Практичарите се оние кои најмногу можат да дадат одговор на прашањето  какви измени треба и во кој правец треба да се одвиваат. Поголема вклученост на практичарите во овој случај, колку што разбрав, немаше“, изјави Антонио Јолевски, претседател на Совет на јавни обинители.

Од јавното обвинителство појаснуваат дека се уште трае анализата колку предмети засегаат измените во кривичниот законик. За нивното застарување требало да информира обвинителот во чиј предмет настапила застареност.