Судски совет расправа по иницијативата за претседателката на Врховен суд, Беса Адеми

Во Судскиот совет во тек е седницата на која се расправа по иницијативата за утврдување на одговорност на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Претходно, Советот го отфрли предлогот на членот Тања Чачарова Илиевска извештајот да се врати на доработка.
Пред почетокот на расправата по оваа точка, подносителот на иницијативата, членот Миљазим Мустафа, ја напушти седницата бидејќи како подносител нема право на присуство. Потоа, претседателот на Комисијата која ја разгледуваше иницијативата, Мирсад Сурои, ја презентираше констатираната состојба на Комисијата и го прочита извештајот со што Советот продолжи со расправа.
На почетокот на денешната седница, Советот избра судии поротници на Основниот суд Виница и тоа Стефан Мицов, Васка Николова, Александра Давиткова, Јована Јангеловска, Давид Трајанов, Билјана Јовева, Слаѓана Костадиновска, Игор Димитров и Елена Георгиева.
Советот, исто така, утврди престанок на функцијата судија поротник на Апелациониот суд Скопје, по сопствено барање за судијката Билјана Ангелова Смилева.
На судијата Влатко Сековски од Основниот кривичен суд Скопје, на денешната седница, му беше уважено барањето за надомест на патни трошоци бидејќи е времено упатен во Основниот суд Прилеп, а беше уважено и барањето за доброволно упатување на судијката Виолета Крстиновска, од Основниот суд Ресен, за период од една година во Основниот суд Прилеп.
По расправата за утврдување на одговорност на претседателката Адеми, седницата треба да продолжи со формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и разно.
Ново на Сител
-

Фудбалерките на ЖФК Скопје 2014 ја освоија титулата во македонското првенство
-

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот
-

Прва пресуда за злоупотребите на ИПАРД – 10 месеци затвор за обвинетата што призна вина
-

Реал до крајот на сезоната без повредениот Менди
-

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година
-

Притвор за лице од тетовско, му пронашле торба со марихуана
-

Гаши: Македонскиот јазик претставува еден од столбовите врз кои се гради нашата заедничка држава
-

Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жив сведок на вековната историја и најсилен израз на нашата културна и национална посебност
