Свет
26. February 2017 - 14:27

Судири меѓу анархистите и полицијата во центарот на Атина

Група анархисти се судрија синоќа со грчката полиција во центарот на Атина, јави ДПА. 

Левичарските активисти палеа контејнери и фрлаа со камења и молотови коктели кон полицајците. 

Судирите се случиле во близина на Политехничкиот универзитет, во квартот Екзархија, кој редовно станува арена на немири и се смета за расадник на анархизмот. 

Анархистите почнаа да запираат автобуси од градскиот превоз, да ги симнуваат возачите и патниците и потоа да палат превозни средства. 

До изутрината е воспоставен ред во центарот на главниот грчки град.