Македонија
30. July 2024 - 16:39

Судењето за убиството на Вања и Панче закажано за 4 септември

Обвинетите за убиството на 14 годишната Вања и велешкиот пензионер Панче да влезат во судница на четврти септември. Ова денеска го договориле адвокатите и судијата Ивица Стефановски во терминот кој првично беше определен за старт на судењето. Од основниот кривичен суд велат дека одложувањето е направено по барање на обвинителството. Му требало уште малку време да ја заврши постапката против првоосомничениот Љупчо Палевски.  

„Расправата која требаше да се одржи денеска е отповикана по предлог за одлагање од Основното јавно обвинителство. Главната расправа за предметот поврзан со двојното убиство на малолетната Вања и велешанецот Жежовски, во согласност со странките е насрочена за 4 септември во 10:00 часот“, се вели во известувањето од Основен кривичен суд – Скопје.  

Претходно, обвинителството објави дека ја затворило истратата за Палчо кој го гони за двојно грабнување и свирепо убиство. Му предложи на судот одложување на денеска закажаното рочиште и спојување со постапката за четворицата соизвршители на двете убиства.

До четврти септември, одбраната на Палчо треба да направи увид во доказите, а обвинителството да му го врачи обвинителниот предлог.

Покрај Палевски, во големата судница на Кривичен, ќе седнат уште Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов.. Обвинети се за грабнување и убиство. Ќе му се суди и на таткото на 14 годишното девојче заради помагање.

„Заедно испланирале грабнување на Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп“, тврди Јавното обвинителство.

На крајот од ноември лани беа убиени Вања и Панче. Нивните безживотни тела, полицијата ги најде закопани близу Велес и Скопје.