Судар на автомобил и автобус, тројца повредени во сообраќајка кај Росоман
Три лица се повредени при судир на патничко возило и автобус синоќа во 21.15 минути на магистралниот пат Градско -Прилеп, во близина на Росоман, информираше денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
- Во сообраќајната несреќа учествувале автобус со прилепски регистерски ознаки управуван од 55 годишен жител на Прилеп и патнички автомобил марка „рено “со прилепски регистерски ознаки управуван од 54 годишен жител на Градско, соопшти Стојковска.
Во несреќата со повреди се здобиле возачот на патничкиот автомобил кој бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, како и двајца неговите сопатници на возраст од 32 и 15 години, на кои им била укажана лекарска помош во ЈЗУ Општа болница Кавадарци.
- Сообраќајот од 21,20 до 24,00 часот беше во прекин во двата правца. Од 24,00 до 01,50 часот сообраќајот се одвиваше наизменично по една коловозна лента. Од 01,50 часот, сообраќајот се одвиваше нормално по двете коловозни ленти, кажа Стојковска.
По овластување на јавен обвинител, увид на лице место извршила увидна екипа од Секторот за внатешни работи Велес.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка