Судан повикан на арапско-муслиманскиот самит, на кој ќе бидат и САД
Саудиска Арабија ги повика Судан и нејзиниот претседател, Омар ал Башир на претстојниот Самит на арапските и муслиманските лидери со САД, на кој ќе учествува и американскиот претседател Доналд Трамп.
Медиумите во САД пишуваат дека засега не е познато дали Башир ќе се појави на Самитот, но сите потсетуваат дека суданскиот претседател е обвинет од Меѓунардниот кривичен суд (МКС) за геноцид и за злосторстава против човештвото, поврзани со судирите во суданската провинција Дарфур.
Против Башир, во 2009 и 2010 година, беа покренати меѓународни потерници за негово апсење, но тој досега успева да го одбегне апсењето и изведувањето на судење пред Меѓународниот суд.
Суданскиот претседател ги отфрла сите обвинувања.
МКС е формиран во 2002 година во Хаг, но САД одбија да го потпишат протоколот за пристапување и не се приклучија на Судот заедно со уште неколку други земји.
Официјален Вашингтон соопшти дека администрацијата на претседателот Трамп се спротивставила на поканата за претседателот на Судан.
Висок претставник на администрацијата, изјави за Ен-Би-Си дека иако САД не е дел од МКС, Вашингтон ги поддржува неговите основни принципи и поддржува гонење и казнување на сите кои ќе извршат геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.
Судан е една од муслиманските земји, заедно со Иран, Ирак, Либија, Сирија, Јемен и Сомалија, чии државјани не можат да влегуваат во САД врз основа на првиот декрет што Трамп го потпиша по стапувањето на должност во Белата куќа.
Американскиот претседател патува во Саудиска Арабија, во прва посета надвор од САД, откако е на функцијата. Предвидено на Самитот Трамп да има свое обраќање.
Ново на Сител
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО
-
Честитка од министерот за јавна администрација по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Денот на трудот во Грција ќе се одбележи со традиционални протести
-
ВМРО - ДПМНЕ со првомајска честитка: Работниците се темелот за иднината на Македонија
-
Приведени возачи во Куманово и Кумановско под дејство на алкохол
-
Американскиот Сенат одби да ги поништи царините на Трамп
-
Камала Харис ги повикува Американците да му се спротивстават на Трамп