Свет
27. September 2021 - 11:56

Студија: Комбинација од вакцини на Астра Зенека и Спутник лајт дава висока ефикасност

 Мала клиничка студија за комбинирана употреба на вакцината на Астра Зенека и доза Спутник Лајт против Ковид-19 покажа силен раст на антитела кај повеќето тестирани лица, објави денеска Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).

Податоците се собрани од 20 луѓе кои учествувале во студијата од 100 лица во Азербејџан, која почнала во февруари оваа година.

Учесниците во истражувањето прво примиле вакцина на Астра Зенека, а 29 дена подоцна доза од Спутник лајт, соопшти РДИФ.

– Според резултатите од привремената анализа, четирикратно зголемување на неутрализирачките антитела на протеинот САРС-КоВ беше откриено кај 85 проценти од доброволците на 57-от ден од студијата, се наведува во соопштението.