Студентите бараат реформи во нивното организирање

На Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ денеска се одржа јавна консултација за ново студентско организирање. Студентите што присуствуваа на настанот искажаа свои ставови за значењето на студентското организирање и за начинот на кој во иднина сакаат да функционираат и да бидат уредени студентските парламенти.
Според Александра Филипова од Младински образовен форум, во уредување на студентските права треба транспарентно и инклузивно да се дојде до еден модел на студентско организирање.
- Во минатите години ова беше горлива тема, младите имаа нелегитимни претставници и затворени претставнички тела, а како земја дури се доведовме во ситуација ЕБР да интеревенира, да употреби прекумерна сила на студенти. Време е преку овие јавни консултации и новиот Закон за високо образование овој проблем да се реши, а на студентите да им се овозможи вистинско учество, легитимни и транспарентни студентски претставници и одржлив модел на студентско организирање, истакна Филипова.
Деа Здравковска од Студентски пленум смета дека студентското организирање во последните години се покажало на ниско ниво поради тоа што, рече таа, корумпирани студенти го злоупотребуваат статусот на студентскиот парламент и позициите на него.
- Моделот на Студентски пленум е спротивност на тоа. Сакаме одлуките кои ќе се носат за студентите да бидат транспарентни и јавни и да се носат со мнозинство. Затоа, еден од главните проблеми кои треба да се реши е Студентскиот Парламент да биде во рамките на универзитетот, а не само како невладина организација која навлегува во автоноимјата на универзитетот, рече Здравковска.
Иван Дургутов од ЕЛСА рече дека студентското организирање треба да се реформира.
- Посточекиот закон и неговите бројни измени доведоа до тоа да имаме нефункционални претставнички тела кои за многу студенти не се ни познати. Па така, ваквите отворени консултации со присуство на лично засегнатите – студентите се одлична можност да се создаде нов текст кој ќе биде во согласност со потребите и барањата на студентите, рече Дургутов.
Покрај во Штип, јавни консултации во однос на студентското организирање овој и наредниот месец се планирани и во Битола, Тетово и Скопје. По завршување на консултациите ќе се изработи финален документ со сите препораки произлезени од настаните.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
