Свет
4. May 2017 - 9:00

Студент осуден за поставување експлозивна направа во лондонското метро

Дваесетгодишниот студент од Лондон, Дајмон Смит е прогласен за виновен на судењето во лондонскиот кривичен суд „Олд Бејли“ по обвинението дека на 20 октомври минатата година оставил експлозивна направа во еден вагон на подземната железница во британскиот главен град.

Бомбата била изработена во домашни услови, според инструкции што Смит ги нашил на интернет за тоа како припадниците на Ал Каеда прават експлозивни направи, но експерти тврдат дека доколку дошло до аксплозија би имало „тешки последици“.

Направата се наоѓала во ранец што Смит на излегување од вагонот го оставил под седиштето, но при напуштањето на возот бил „уловен“ од безбедносната камера на перонот на метро станицата, а бил снимен и оставениот ранец.

Патниците го заележиле оставениот ранец и придржувајќи се на безбедносните правила го пријавиле случајот на возачот на возот, кој го предал на првата станица и ги алармирал безбедносните служби.

Бомбата била опремена со часовник и тајмер, но сепак не се случи ниаква експлозија.

На судењето, обвинетиот Смит се бранеше дека навистина изработил дома бомба, но дека тоа го направил за шега.

Неговиот адвокат тврдеше дека Смит е аутист и дека е обземен од оружје и бомби, но дека не е задоен со радикален ислам и со верска и расна омраза иако практикува некои исламски верски обичаи.

Обвинителство не го обвини според законот за антитерористичка борба, но инсистира дека станува збор за опасен инцидент со опасни последици за луѓето во метрото. Пресудата за Смит ќе биде изречена на 26 мај.