Студено со повремени врнежи од дожд, на планините снег
– Времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови, кога заради заладувањето ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на повисоките места особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од минус 4 до 3 степени, а максималната од 3 до 9 степени.
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Во понеделник во утринските часови на места ќе провејува снег, а преку денот облачноста ќе се намали. Поради разведрувањето, во вторник минималните температури ќе бидат ниски. Од среда се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи