Македонија
7. April 2020 - 19:39

Струмичкиот регион со најмногу прекршувања на полицискиот час

Во струмичко радовишкиот регион расте бројот на пријави против граѓаните кои во изминатиот период  не ја почитувале забраната за движење. СВР Струмица поднесе нови  27 кривични пријави против 29 лица. Тие  во претходниот период ја прекршиле забраната за движење поради што се соочуваат со кривична одговорност. За разлика од вчера кога сите 15 пријави беа против граѓани од Струмица, денеска полицијата информираше дека освен до струмичкото, пријави имаат поднесено и до радовишкото јавно обвинителство.

Од вкупниот број поднесени пријави 25 се  против 27 лица од Струмица, додека  останатите две се однесуваат на жители од општина Радовиш.

Минатата недела од страна на судот,  поради непочитување на препорачаните мерки за движење беа изречени и повеќе  казни од по 3000 евра . Најголемиот дел се однесуваа на граѓани кои ја прекршиле  мерката за самоизолација. 

Инаку во последното деноноќие со Со Решенија од Државен санитарен и здравствен инспекторат 3 нови лица од регионот  се во домашна изолација, од кои 2 во Радовиш и 1 во Гевгелија, а воедно на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица се евидентирани и 3 нови лица во самоизолација.