Македонија
26. February 2017 - 16:48

Струмичани со почит за Борис Трајковски

Струмичани се поклонија пред споменикот на загинатиот претседател Борис Трајковски. Голем број роднини , пријатели и сограѓани дојдоа пред споменикот Македонија поставен во негова чест да ја одбележат 13 годишнината од трагичниот настан и да му оддадат почит на свјот претседател и сограѓанин и да се присетат на неговиот лик и дело.

-Кога зборуваме за претседателот Трајковски не смееме да ги заборавиме човечките долести кои го красеа неговиот лик. Доблести кои го правеа единствен  и препознатлив. Трајковски беше човек од народот и човек за народот, рече Јосиф Христов – претседател на советот на општина Струмица

За струмичани и после 13 години од кобниот настан сеќавањата за Борис Трајковски не бледеат, а тој ќе остане запаметен како голем човек и патриот.

-Борис Трајковски наш сограѓанин, добар  човек,  комуницираше со сите и постојано беше меѓу народот. Никогаш нема да го заборавиме неговиот лик ќе остане во нашите спомени, рече Григор Стојанов – жител на Струмица

-Борис Трајковски беше претседател кој донесе новини во раководството на нашата држава. Тој беше човек што беше со народот и секогаш беше близок со народот и секогаш се дружеше со народот, рече Митко Бардаров – жител на Струмица

Во рамки на одбележувањето на годишнината од загинувањето на вториот претседател на Република Македонија традиционално во градскиот парк во Струмица беше засадено дрво за негово сеќавање.