Македонија
20. March 2023 - 12:16

Струмичани почнуваат со селекција на отпад

Во општина Струмица и официјално започна процесот за селекцијата на отпад. За таа цел секое домаќинство ќе добие дополнителна бесплатна канта. 1200 канти веќе се доделени, а во првата фаза во нив е планирано одлагање на пластика и лименки. 

Проектот има за цел да ги промени навиките на граѓаните за депонирање на отпадот и да ја подигне свеста за важноста на селекцијата, а истовремено да ги намали трошоците за негово постапување и да ги зголеми приходите од продажба на отпадна пластика.

Селекцијата на отпадот се реализира во рамки не проектот „Патоказ Еко паметни општини“ финансиран од американската амбасада, а во соработка со Центарот за климатски промени. Очекувањата се дека на овој начин значително ќе се намали количината на пластика која завршува на депониите и претставува сериозен проблем.

За почеток со проектот се опфатени само одредени делови во градот, но според најавите од ЈПКД Комуналец наскоро дополнителна канта за селекција на пластика и лименки ќе добие секое домаќинство како во општинскиот центар, така и во сите населени места.