-->
-->
Страшна несреќа: Го донеле крвав во болница во Охрид
-->

Уште една драма се одвивала вчера во 18 часот во Охрид. Доктор од Медицинскиот Центар во Охрид пријавил дека кај нив бил донесен 31-годишниот Ц.С. од селото Дрслајца, струшко, кој бил повреден во пределот на прстите на десната рака. По овластување на Јавен обвинител полициски службеници извршиле разговор со сопственикот на фирмата каде што работел повредениот. Истиот изјавил дека несреќата се случила во 17 часот во објект на улицата„Димитар Влахов“.
Увидна екипа од СВР Охрид и Државен инспектор за заштита од работа излегле на лице место при што е утврдено дека Ц.С. ја повредил десната рака во пределот на прстите при чистење на машина за подлоги. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Почнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем
-

Пад на инфлацијата во јуни
-

Утре и задуре променливо и нестабилно со пороен дожд, од петок стабилно време
-

23-годишна девојка од Македонија пронајдена почината во стан во Солун
-

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери
-

Македонскиот првак Вардар против фински КуПС на стартот од квалификациите на ЛШ
-

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години
-

СП 2026: Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство
