-->
-->
Страотна сообраќајка во Скопје: Се судрија автомобил и моторцикл, двајца млади завршија во болница
-->

Вчера околу 13,10 часот на улица „Ферит Мурати“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И.(38) и моторцикл „Сузуки 600“ управувано од Б.Л.(20).
Од сообраќајната незгода со повреди се задобил возачот на моторциклот, кој со возило на брза помош е пренесен во Градската општа болница „8-ми септември“ каде му се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на лева
подлактица и повреди на глава) и е задржан на понатамошно лекување.
Исто така сопатничка од „Сеат Ибицата“ на возраст од 16 години, била пренесена во Градската општа болница „8-ми септември“, каде и биле констатирани телесни повреди и била пуштена на домашно лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
