Македонија
8. January 2017 - 17:15

Стотина граѓани со повреди и скршеници побарале помош во скопските болници и клиники

Скршени, раце, нозе, колкови, набиеници. За три дена стотина граѓани со повреди здобиени од пад на мразот побарале лекарска помош во скопските клиники и болници. Најмногу пациенти вкупно 60 биле примени во Клиниката за хируршки болести свети Наум Охридски. Половината имале скршеници, на дел и е ставен гипс и се пуштени дома, а неколку лица се оперирани и задржани на болничко лекување, велат за Сител од оваа Здравствена установа. Во Ургентниот  Центар на Клинички на преглед  се јавиле 34 лица, а 8 од нив со посериозни повреди се хоспитализирани на Клиниката за трауматологија. Деновиве десетици граѓани кои паднале пред домовите или на лизгавите тротоари биле примени и во ГОБ 8 септември. Меѓу повредените има и млади и стари

-Младите обично паѓаат на рацете и ги повредуваат зглобовите, а повозрасните паѓаат на колковите изјави за Сител Асс.д-р Маја Софрониевска Главинов,  Клиниката за хируршки болести св. Наум Охридски.

Лекарите советуваат граѓаните внимателно да се движат по лизгавиот терен бидејќи и деновиве температурите ќе бидат двабоко под нулата, а повозрасните лица без потреба да не излегуваат од дома.

-Никако да не ги држат рацете во џебовите, додаде Асс.д-р Маја Софрониевска Главинов,  Клиниката за хируршки болести св. Наум Охридски.

Доколку некој се повредди при пад на мразот лекарите аперираат никако да не оди на местачи и надри лекари, туки веднаш да побара помош во најблиската здравствена установа.