Стопанската комора бара посебен даночен режим за холдинг компаниите

Законско нормирање и посебен даночен режим за холдинг компаниите, бара Стопанската коморана Македонија.
Комората денеска ќе поднесе иницијатива до Владата за реализирање на ова барање, но притоа, како што беше речено на прес-конференција, треба да се земат предвид неколку критериуми.
Според оперативниот директор во Комората Елена Милевска Штрбевска, особено е важно да се создаде законска основа која ќе овозможи распределбата на добивката од работењето во тековната година на фирмата ќерка основана од холдингот, да се евидентира и објави во годишната сметка на холдинг компанијата во истата година.
- Засега тоа не е можно поради што остварената добивка може да се користи за реинвестирање и развој на фирмата дури откако ќе помине одреден период и сите рокови за поднесување финансиски извештаи и завршни сметки, истакна Милевска Штрбевска.
Во Македонија, додаде, не постои ниту можност за регистрација на холдинг друштвата, туку постојат повеќе поврзани друштва кои во моментов имаат обврска да поднесуваат консолидирани извештаи само до Централниот регистар, но не и консолидирани даночни извештаи до надлежните институции.
- Тоа е нешто што ние сега го бараме за да се гледа какви даночни олеснувања би имале поврзаните друштва зашто нивното функционирање е поврзано со тоа, а ние го немаме, ни недостасува, потенцира директорката.
Комората очекува иницијативата да биде усвоена, а како почетна основа за нејзино спроведување е неопходно дивидендите што фирмата ќерка ги исплаќа во холдинг компанијата да бидат ослободени од оданочување, од оданочување да биде ослободен и приходот на холдинг компанијата остварен при продажба на удел во фирмата ќерка, како и салдото на трансферираните парични средства (заеми), да не влегуваат во даночната основа при сочинувањето на даночниот биланс за финансиската година.
Милевска Штрбевска посочи дека сите европски законодавства предвидуваат даночни повластувања за холдинзите, сто отсто ослободување од данок на дивиденди и капитална добивка, многу често и без притоа да се бара минимален временски период на сопственост на акциите.
Ново на Сител
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
-

10 возачи управувале возила без возачка дозвола, ќе им бидат поднесени кривични пријави
-

Зеленски ја потпиша одлуката за нови санкции против рускиот воено-индустриски комплекс
-

Мицкоски: Направивме храбар, историски чекор, очекувам администрацијата да ги подобри услугите кон граѓаните и бизнисот
