Столтенберг вечерва доаѓа во Скопје
Посетата на првиот човек на НАТО е порака сама по себе, велат од Владата. Таа покажува дека Брисел ја препознава и поздравува реформската валдина агенда и напорите тда се оствари, но и дека вратата на Алијансата е отворена за Македонија. Домашаната задча ќе биде завршена до следниот самит на НАТО во јули, сепак процесот на прием е според консензуалниот принцип, така што главен проблем останува Грција и решавање на спорот со името, посочуваат владини извори.
Слична ситуација е и во секторот за одбрана.Столтенберг во Скопје ке биде запознаен со реформите кои континуирано се имплементираат согласно стандардите на Алијансата .
Од министерството за одбрана велат дека македонската армија уште пред самитот во Букурешт во 2008 година е подготвена за влез.
Столтенберг во Скопје пристига вечерва, но официјалните средби ќе започнат утре, со државниот врв и со партисдките лидери во Собранието , каде тој ќе има обраќање пред пратениците.
Инаку, ова е негова прва посета на Македонија и воопшто во регионот, на која владата работела уште од јуни мината година.Доагањето на шефот на НАТО предизвика голем интерес кај домашната и меѓународна јавност. Според очекувањата посетата ќе ја следат повеќе од 50 новинари од македонски и странски медиуми. Последен пат, генерален секретар на НАТО беше во земјава во 2014, кога на проштална посета беше претходникот на Столтенберг, Андрес Фог Расмунсен.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар