Стојанов: Нема веќе пожари во близина на неготинско Калањево
Нема веќе пожари во близина на Калањево, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, на неговиот фејсбук профил.
- Во околината на селото Калањево во овие моменти е мирно и безбедно, нема пожари во близина и не е доведена во прашање безбедноста на имотите на граѓаните. И покрај тоа, дел од расположливите ресурси од луѓе и механизација во моментов се насочени кон создавање безбедносни појаси околу Калањево, со цел во случај на евентуално присуство на пожари, селото да биде отсечено и безбедно, напиша градоначалникот.
Тој објави дека активности на терен со луѓе и механизација се присутни и на планината Серта од неготинска страна, со цел за создавање услови за полесно справување при појава на пожари.
Вчера претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова ги посети припадниците на Армијата што гаснеа на големиот пожар на планината Серта кај неготинско Калањево.
- Претседателката како врховна командантка на вооружените сили е таму каде што има припадници на војска. Верувам во нивната способност, бидејќи секогаш кога било најтешко тие се наоѓале на вистинското место, подвлече таа.
Пожарот во Неготинско се гаснеше неколку дена од копно и од воздух, таму вчера попладне заврна и дожд, а доброволци што изминатите девет дена активно беа вклучени во гаснењето, заедно со ловци од ловечкото друштво Неготино, попладнето прославуваа за дождот и изгаснатиот пожар.
Ново на Сител
-
Владата ја ограничи маржата на училишниот прибор
-
А1 Македонија прославува со своите корисници - 50 % роденденски попуст за 5 години А1
-
Мицкоски: Тендер за трет мобилен оператор мора да има
-
Тешко повреден 59-годишник гостиварец - Изгубил контрола врз мопедот и паднал
-
77 годишен охриѓанец прегазил 75 годишен Хрват во Охрид
-
ДИК: Почна исплатата на надоместоците на членовите на ИО за Претседателските и Парламентарните избори 2024 година
-
Гаши: Ова е интерпелација против верската припадност на претседателот на Собранието
-
Мицкоски: Нова германска инвестиција во вредност од 65 милиони евра и 700 нови вработувања