Стоилковски: Обвинителство да испита како Филипче со државна плата стигна до имот од 15.500 м2 Шпанско Село на Водно

Денеска до Основното јавно обвинителство и Републичкото јавно обвинителство ги поднесовме индициите за сторен криминал и можна корупција во врска со скандалот Шпанско село 2, што според нас е во режија на министерот за здравство Венко Филипче.
Ги поднесовме индициите и очекуваме институциите сами овој пат да поработат експедитивно, како што експедитивно поднесуваат обвиненија и носат пресуди кога станува збор за оние што имаат критика кон власта, кон октоподот, кон Зоран Заев, па да видиме со каква експедитивност ќе поработат Вилма Русковска, Љубомир Јовевски и другите обвинители туку во Републичкото и основното јавно обвинителство, како и обвинителството за организиран криминал и корупција.
Сметаме дека постојат сериозни индиции кои што одат до откривање на сериозен криминал и корупција, на кршење на законот за јавни набавки и сметаме дека со ова ќе се покаже дали Венко Филипче ќе остане незаменлив за октоподот на власт предводен од Зоран Заев или пак хибридниот режим ќе упати порака „многу си ги одбрал друже“.
Очекуваме реакција од страна на јавното обвинителство.
Ново на Сител
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај
