Стоилковски: Колку животи треба да се жртвуваат за Филипче да побара одговорност од Асани
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ денес одговараше на новинарско прашање преку кое беше побаран негов коментар за развојот на скандалот поврзан со работењето на директорот на струшката болница.
-Сведоци сме на уште еден скандал кој што доколку не излезеше во јавноста преку медиумите, институциите се уште топката ќе си ја префрла меѓу себе онака како што тоа го правеа повеќе од половина година, а сега гледаме дека можеле да реагираат. Тоа покажува само едно и води кон индиции дека директорот на струшката болница ужива заштита. Тој е поставен од министерот Венко Филипче и толериран од министерот Венко Филипче. Па колку животи треба да се жртвуваат за Филипче да побара одговорност, што треба се да се случи и се да излезе во јавноста и уште колку животи да бидат ризикувани за Филипче да побара одговорност од како што го нарекуваат „доктор Менгеле“ во Струга, истакна Стоилковски.
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари