Свет
24. August 2022 - 10:43

СТО: Пад на стоковата размена на глобално ниво

Стоковата размена во светот најверојатно ќе бележи забавување во вториот квартал на тековната година, последица на притисокот од војната во Украина, соопшти денеска Светската трговска организација.

Трговијата глобално ќе бележи забавување, најмногу во областа на трговијата со автоделови и стокова размена реализирана преку авионски транспорт.

Обемот на трговијата во првото тромесечие порасна за 3,2 отсто, додека на крајот на минатата година беше 5,7 отсто, покажува извештајот на СТО во кој уште е укажува дека војната во Украина и строгите мерки во Кина за сузбивање на коронавирусот придонеле за забавување на глобалната размена.

Барометарот на размената што го покажува движењето во стоковата размена споредбено долгорочните трендови, во јуни изнесувал сто поени, што е за поен повеќе од март.

Сепак, вредноста на барометарот на размената и натаму е пониска од индексот што го мери обемот размена, што упатува на заклучок дека растот на трговијата дополнително е забевен во периодот од април до јуни, се забележува во извештајот на СТО.

Благо опаѓање има и кај и индексот на нови нарачки од извоз, забавува и трговијата со автомобилски делови и електронски компоненти, а за послаба активност сигнализира и падот на индексот на воздушниот карго-превоз.

Најголемо зголемување има кај индексот што го мери бродскиот транспорт со контејнери, како одраз на зголемениот сообраќај од кинеските пристаништа.