Стипендии за над 40 студенти за најпрестижните универзитети во светот
Околу 200 студенти во изминатите пет години имаат добиено целосна стипендија за нивно образување на најпрестижните 100 универзитети во светот. Програмата продолжува и годинава и до 1 септември се одобрени 42 стипендии, а се уште има можност за пријавување.
Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Стајковци.
- Оваа програмата шеста година се реализира. Целта на државата е да овозможи на студентите кои имаат висок капацитет и желба да се образуваат на најпрестижните универзитети во светот, независно на нивната материјална состојба, но истовремено да се обезбеди дека тие студенти ќе се вратат во РМ, рече Груевски. Додаде дека овие студенти потпишуваат договор со кој се обврзуваат дека по завршување на студиите ќе се вратат во Македонија и ќе престојуваат најмалку шест години и ќе работат или во приватен или државен сектор.
Тој потенцира дека доколку заминат порано ќе треба да ги покријат сите трошоци што ги направила државата и тоа повеќекратно. Ова, потенцира, е на некој начин гаранција за државата која ќе инвестира многу пари во нивното обазование дека тие ќе се варат и ќе престојуваат во Македонија.
Ново на Сител
-
Сообраќајот во зимски услови, на Ѓавато магла со видливост од 200 метри
-
До крајот на денов променливо облачно со сончеви периоди, од среда дожд
-
Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска поднесе неотповиклива оставка
-
Санкции за 212 непрописно паркирани возила минатата недела во Центар
-
Претрес во Карпош, уапсен 18-годишен дилер
-
ЦУК: Гостите од хотелот „Радика“ во Маврово извлечени со помош на специјално возило
-
Уапсени две лица кои ограбиле автомобил во Карпош
-
Вонреден инспекциски надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек