-->
-->
Стејт департмент: САД го поздравуваат историскиот договор за спорот за името
-->
САД им честитаат на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев Алексис Ципрас и Зоран Заев, и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името. Решението ќе биде од корист за двете земји и ќе ги зајакне регионалната безбедност и напредокот. Премиерите Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност во изнаоѓање на заемно прифатливо решение, изјави портаролката на Стејт департментот Хедер Нуерт.
- Подготвени сме да го поддржиме овој договор, како што беше побарано од двете земји, вели Нуерт во пишаната изјава што ја пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.
Вашингтон изразува благодарност и до медијаторот Метју Нимиц, кој како што се посочува, 20 години посветено работеше за изнаоѓање решение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица