Среќа во несреќа е што неговата сопруга тоа утро заедно со синот заминала на Флорида, па детето не било во собата во моментот на грабежот.
Во куќата се наоѓале двајца крадци кои го украле накитот кој припаѓал на мајката на неговата сопруга која загинала во сообраќајна несреќа во 2011 година.
„Видов лице како влегува во собата. Прво тоа ми немаше смисла. Неколку секунди едноставно не го разбирате тоа што го гледате. Тоа е вашата куќа, и таму жена ползи во собата“, рече шокираниот Оливер.
Инцидентот се случил на 7 ноември, а Оливер вели дека неговиот син обично во тоа време спие во креветчето. Полицијата бара било какви информации за крадците.