Џет-Сет
6. March 2017 - 12:43

Стави крај на приказните: Ана Бекута прв пат прозборе за односот со Цеца

Фолк пејачката Ана Бекута прв пат прозборе во какви односи е со Цеца Ражњатовиќ.
 
- Не сме се слушнале од мојот последен концерт, кога ми откажа три столчиња во прв ред, во октомври. не сум и лута, бидејќи постојат работи кои се појавуваат во последен момент, и мене ми се има случувано, - изјавила Ана за својата колешка.
- Цеца многу ја почитувам, бидејќи се тоа што го работи мора да се почитува. Не мора да ги сакаме сите, но кога се работи за нејзиниот однос кон работата и колегите, тука ништо не може да и се замери, - заклучила Ана за српски „Ало“.