Македонија
4. јуни 2023 - 16:30

Станува ли неизвесна лидерската средба?

На се уште незакажана, а веќе и незивесна лидерска средба власта и опозицијата веќе имаат длабоки разлики за нејзе. 

Од СДСМ и денеска повик до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски да донесе одлука за уставни измени

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека Ковачевски не прифаќа тет-а-тет бидејќи тоа не му го дзволува партнерот Ахмети, па затоа денеска го повикаа да попушти.

Реагираат и од Социјалистичката партија. Според нив, СДСМ со ДУИ шират страв и недозоволуваат поинакво мислење, но и со порака дека времето на актулената власт истекува.

„Наметнувањето од власта на лажната дилема „интеграција кон ЕУ или изолација“, Социјалистичката партија на Македонија го оценува за нереална и провидна дилема која всушност постои внатре во самиот СДС. Ниту интеграцијата е извесна во сегашна констелација и подделеност во Унијата, ниту пак е можна изолација во глобалниот свет на понуди и можности“, пишуваат од Социјалистичка.

Од албанската опозицијата пак, со рекација на ДУИ која вчера ја критукуваше ВМРО-ДПМНЕ дека планира постизборна коалиција без албански фактор.

„Залуден им е стравот дека евентуална широка коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги однесе во опозиција. Мнозинството гласачи Албанци на следните избори кога и да се случат ќе ги испратат во опозиција заради криминалот, корупцијата и целосното одлепување од реалноста“ коментираат од кај Гаши.

Рокот кој Ковачевски го најави за лидерската средба истекува во среда.