„Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, со стабилен изглед
Aгенцијата „Стандард енд пурс“ (“Standard and Poor’s”) соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Северна Македонија ББ-, со стабилен изглед. Според извештајот, решавањето на спорот со името е круцијален позитивен чекор, и ги отвора вратите за членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ во текот на 2019 година, што би можело да ги забрза структурните реформи.
Според кредитната агенција, враќањето на политичката стабилност било значајно за забрзување на динамиката на економскиот раст. Се очекува дека растот во наредните три години ќе изнесува околу три проценти во просек, движен од домашната потрошувачка и извозот, како и подобрите движења кај инвестициите. Притоа, се очекува раст на приватните инвестиции како резултат на подобрената политичка стабилност, како и забрзување на јавните капитални инвестиции. Ризиците кон растот се оценуваат како балансирани, со позитивен потенцијал од побрзото имплементирање на реформите што би ја подобрило бизнис климата и би резултирало со повисоки странски директни инвестиции. Од друга страна, негативните ризици се од екстерна природа, и произлегуваат од забавувањето на растот во Европа, како и од царините на САД за увозот на коли.
-При остварен понизок дефицит од очекуваниот во 2018 година, се очекува дека буџетскиот дефицит на општата Влада во 2019 година ќе биде во линија со проекцијата на Владата од три проценти од БДП, и потоа ќе опадне на околу 2,5 проценти од БДП во просек на среден рок. Извештајот ја оценува како позитивна неодамнешната пензиска реформа, а ги нотира и реформите во управувањето со јавните финансии, со особен фокус на транспарентноста, буџетирањето и мониторингот. Standard and Poor’s го оценува јавниот долг на Македонија како умерен во глобален контекст. После подолг период на раст во минатото, се оценува дека долгот постепено ќе се стабилизира, и ќе изнесува 48,7 проценти од БДП во 2021-2022 година (државниот долг и долгот на ЈПДП), соопшти Министерството за финансии.
„Стандард енд пурс“ наведува дека може да дојде до подобрување на рејтингот доколку навременото имплементирање на реформите ја зајакне институционалната поставеност и ги подобри економските изгледи. Наспроти ова, врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијае враќањето на политичките тензии или забавувањето на темпото на реформи, што би имало негативен ефект врз растот и странските инвестиции, како и во случај на фискална недисциплина или вонбуџетски активности кои би ја довеле во прашање оддржливоста на јавниот долг.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
