ССМ повикува и поведува на штрајк во јавниот сектор
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повикува и поведува на штрајк со цел заштита на економските и социјалните права на своите членови и на вработените во јавен сектор од работниот однос. Како што соопштија од ССМ, штрајкот е најавен за 22 јуни, а рокот за исполнувања на нивните барања е до 21 јуни оваа година.
Од ССМ соопштија дека штрајкот се организира за заштита на економските и социјалните права и остварување на следните барања од работен однос – склучување на Општ колективен договор за јавен сектор со утврдено зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари во нето износ, согласно зголемувањето на минималната плата објавена во службен весник од 24 февруари 2022 година и утврдено право на регрес за годишен одмор во висина од 30 до 100 проценти од основицата.
Како што посочуваат од ССМ, одлуката за повикување и поведување на штрајк заедно со писмена најава за штрајк е доставена до Владата, Собранието и градоначалниците во насока на писмено најавување на штрајкот согласно Законот за работните односи.
Согласно Одлуката, како што посочуваат, во штрајк стапуваат вработените во јавниот сектор, на 22 јуни, а штрајкувачите ќе штрајкуваат на своите работни места. Не се исклучува можноста штрајкот да се одвива и преку изразување на разни форми на работничкото незадоволство и синдикален притисок.
-Потсетуваме дека Сојузот на синдикатите на Македонија уште на 29 јуни година до Владата и претседател на Влада достави предлог општ колективен договор за јавниот сектор, а од страна на Владата, КПВРСМ бевме информирани дека во насока на реализација на нашите заложби, дописот со предлогот е доставен на натамошно надлежно постапување до МТСП. Иако се одржаа неколку состаноци по однос на предлогот на ССМ за нов Општ колективен договор за јавниот до склучување не дојде, посочија од ССМ.
ССМ смета дека доколку се изгласа ребалансот на буџетот без да се предвидат средства за зголемување на платите во јавниот сектор во тој случај нема да може да се постапи согласно закон и ќе нема средства за усогласување на платите на вработени во јавниот сектор ниту од 1 јули како што е барањето на ССМ, ниту во Законскиот рок за усогласување на платите.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Опозицијата сака граѓанска војна, власта сака работа и просперитет за сите граѓани
-
61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија
-
Раде Штекли вработува лично обезбедување, плата 3.000 евра | ФОТО
-
Крадец баран со потерница бил предаден во Затвор Тетово
-
Турчин уапсен за криумчарење на осум мигранти од Сирија
-
Ги затекнале како користат хероин, уапсени 4 лица во Кочани
-
Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати
-
Парламентарци од Чешката Република во посета на Собранието на Северна Македонија