ССК потпиша меморандум со Македонско-словачко-чешката стопанска комора

Сојузот на стопански комори на Македонија потпиша меморандум за соработка со Македонско- словачко-чешката стопанска комора.
Меморандумот беше потпишан во рамки на официјалната посета на делегација од Македонско-словачко-чешката стопанска комора предводена од претседателката Јана Маричакова.
На средбата што се одржа во Сојузот на стопански комори во Скопје се разговараше за идната поинтензивна економска соработка меѓу компаниите од двете држави, како и за нивната меѓусебна промоција.
Во фокусот на разговорите беа можностите за развој на взаемните бизниси на Словачка и Чешка со Македонија, промоцијата на Балканскиот регион и туристичките можности што ги нуди, како и учеството на меѓународни саеми и настани. На средбата е разговарано и за потенцијалните инвестиции на Чешка и Словачка во Македонија, како и за соработката на трите држави во повеќе сектори како што се прехранбениот и преработувачкиот сектор, ИТ, градежниот сектор, туризам и трансферот на технологии.
Република Чешка е значаен трговски партнер на Република Македонија, односно во 2015 година извозот бил 26.94.947 евра, а увозот е 69.803.546, додека пак во првите четири месеци од годинава, извозот е 9.727.050 евра, а увозот 28.253.538. Во делот на туризмот, постои потенцијал за посета на значителен број туристи од Чешка и Словачка во Македонија.
Во споредба со Чешка, Словачка остварува помала трговска размена со Македонија. Според податоците на Државниот завод за статистика, минатата година извозот изнесувал 60.585.926 евра, додека увозот 40. 277.530 евра. Во првите четири месеци од годинава, извозот е 17.931.517 евра, а увозот 9.512.201 евра, со што продолжува трендот на трговски суфицит во трговската размена со Република Словачка.
Ново на Сител
-

Најгoлeмaтa премија во земјата чека нов сопственик - ЛОТО 7 носи близу милион евра прeмијa
-

Судењето за „Онкологија 2“ започна одново
-

Унгарија бара прекин на финансиската помош од ЕУ за Украина поради корупција
-

Акција на МВР во Штип: Приведен поранешен раководител на УЈП
-

Лавров: Западот се обидува да ја преправи историјата
-

Снегот ги изненади Белгијците: Снежните врнежи предизвикаа застој во сообраќајот низ белгиските патишта
-

МФ: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ
-

Зголемени нивоата на реките, Треска речиси осум пати над ноемврискиот просек
