Срeќата зависи од три работи

Истражувањата на австралискиот универзитет Дикин покажаа дека за целосно чувство на среќа потребно е да се исполнети три услови кои ги именувале „златен триаголник на среќата‟.
Трите фактори кои ја дефинираат среќата се добрите меѓучовечки односи, стабилната финансиска состојба и поседувањето на животна цел.
До овој заклучок истражувачите дојдоа врз основа на студии кои биле спроведени во периодот 15 години на примери од над 60.000 луѓе.
Роберт Каминис, еден од авторите на студиите, истакнува дека односите кои ги имаме со другите луѓе се од пресудна важност: „И лицата со ниски примања можат да остварат задоволувачко ниво на среќа доколку развијат позитивни социјални контакти и ако имаат некоја цел во животот‟.
Тие односи не мора да бидат од романтична природа, но потребно е тие да подразбираат поддршка и интимност, објасни тој.
„Неопходно е да имате некој со кој ќе можете да ги споделите своите мисли, тајни, надежи, соништа и стравови. Животните проблеми побрзо ќе ги скршат тие на кои им недостасува овој вид на поддршка‟, заклучи австралискиот научник.
Каминис тврди дека парите значително делуваат на среќата на поединци бидејќи им овозможуваат да се ослободат од стресот.
Сепак, за човекот да достигне висок степен на задоволство и среќа, потребно е работата да му овозможува повеќе од финансиска сигурност.
Тоа што ги изненади истражувачите е фактот дека испитаниците среќата ретко ја воведуваат во врска со здравјето.
„Задоволството од нашето здравје опаѓа како што старееме, но среќата, генерално, се повеќе расте со текот на годините‟, вели Каминс.
Ново на Сител
-

Билансот од катастрофалниот земјотрес во Колумбија достигна 314 жртви, се трага по уште стотици
-

Министерството за правда на САД тврди дека поранешниот директор на ФБИ му се заканувал на Трамп
-

Автомобил удри во автобуска постојка на Бит Пазар
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за август изнесува 68.675 денари
-

Приведено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
-

Прелиминарни резултати од полагањето државна матура во август
-

Ден на жалост во Киев - најмалку 12 загинати во нов руски напад
-

Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милиони евра
