Македонија
7. October 2020 - 19:27

Средношколски сојуз: 15,5 милиони евра за Национална платформа, а користиме само Мајкрософт Тимс

Сојузот на средношкколци денеска реагира на неупотребата на онлајн платформата во првата недела од почетокот на новата учебна година. Лидерот на Средношколскиот сојуз, Бленди Ходаи вели дека за потребите на Националната платформа МОН потрошило 15,5 милиони евра, а учениците употребуваат само еден сегмент, односно Мајкрософт Тимс.

-Значи, 15,5 милиони евра биле искористени за неупотреблива веб страница, напиша средношколскиот лидер Бленди Ходаи на социјалната мрежа Фејсбук.

Средношколците реагираат и на недостапноста на интернетот, но и недоволната обученост на наставниците за предавање од далечина.

-Сојузот дознава дека учениците во интернатите немаат започнато со настава, бидејќи во интернатите нема силна интернет конекција, вели Ходаи.

 

Мирјана Јовеска