Средба Заев – Ји: Поддршка за демократските процеси за формирање на влада
Поддршка за продолжување на демократските процеси во Република Македонија, кои по кредибилните избори и изборот на нов собраниски претседател од редовите на парламентарното мнозинство, треба да резултираат со избор на нова влада, била изразена на средбата на лидерот на СДСМ Зоран Заев, со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, соопшти СДСМ.
- Новиот претседател на Собранието е избран законски и легитимно, согласно Деловникот, законите и Уставот. Продолжуваме да ги движиме процесите посветено и мудро и во следниот период ќе пристапиме кон формирање на новата реформска влада, рекол Заев на денешната средба во Собранието.
Заев најавил дека Иванов ќе добие известување од новиот собраниски претседател дека постои демократски формирано парламентарно мнозинство и оти ќе побара тој да постапи според уставната обврска да го даде мандатот за формирање влада. Исто така, како што стои нагласил, дека постои и Програма на новата реформска влада која гарантира унитарност на државата, почитување на Уставот, евроатлански перспективи на Македонија, што, се наведува, уште еднаш ќе му биде предочена.
- Со тоа се исцрпуваат неразумните барања од Иванов со коишто тој го условува давањето на мандатот. Парламентарното мнозинство има обврска да ја реализира мнозинската волја на 700.000 граѓани изразена на изборите и таа обврска ќе ја исполни, рекол Заев.
Нагласил дека новата влада е подготвена да соработува со идната опозиција во интерес на реформските процеси, и посочил дека во овој момент, според него, најважно е ВМРО-ДПМНЕ да прифати дека е опозиција и да се прекинат тензиите.
На средбата, на која Ји бил придружуван од амбасадорот Џес Бејли, а од страна на СДСМ присуствувале и заменик претседателката Радмила Шекеринска и секретарот Оливер Спасовски, како што се наведува, заеднички било осудено насилството во Парламентот кога беа повредени пратеници, новинари, вработени во Парламентот и била констатирана потребата од разум кај сите, за овозможување мирен трансфер на власта.
Во соопштението се истакнува „потребата претседателите на сите политички партии и институциите да го сфатат својот дел од одговорноста и да дејствуваат во насока на поддршка на демократските процеси во Македонија“.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период