Средба за финансиска одржливост на НВО секторот од Тетово

Стопанската комора на северозападна Македонија и Фондацијата Албиз денеска ќе организираат средба со бизнис-секторот и локалните невладини организации од Тетово со цел зголемување на капацитетот и одржливоста на граѓанското општество за генерирање приходи од бизнис-секторот.
- Главната цел на средбата е да посредува долгорочни ефективни партнерства меѓу локалните невладини организации и бизнис секторот, кои на крајот ќе резултираат со поголем капацитет на невладините организации да генерираат приходи од бизнис секторот, но исто така и од други фондови, соопштија организаторите.
Средбата се организира во рамките на проектот „Финансиска одржливост на НВО во соработка со бизнис секторот“, финансиран од Европската Унија.
Проектот се имплементира во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга и Куманово.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
