Средба Поповски – Пичуљан во Загреб: Зголемената транспарентност ја враќа довербата на граѓаните во институциите
Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, денеска во Загреб оствари средба со комесарот за информирање на Хрватска, Зоран Пичуљан.
Поповски и Пичуљан,како што соопшти владината прес – служба, на средбата разговарале за значењето на отвореноста на владите кон граѓаните и се согласиле дека прашањето на транспарентноста ќе биде едно од клучните на следните избори во Република Македонија во април 2020 година и во Република Хрватска на парламентарните избори на есен следната година.
– Министерот Поповски ги посочи веќе преземените мерки од страна на Владата во делот на активната транспарентност, алатката за отчетност, неодамна усвоената Стратегија за транспарентност на Владата, како и целосната отвореност на буџетот и сите трансакции на државните институции, почнувајќи од 2010 година до денес, кои ќе се ажурираат на секои 15 дена. Министерот нагласи дека сите овие мерки ја враќаат довербата на граѓаните во институциите на државата, се наведува во соопштението.
Од страна на комесарот Пичуљан во пресрет на преземање на Хрватска со претседавањето со Советот на Европската Унија (јануари – јуни 2020 година) била изразена подготвеност за стручна, експертска поддршка и соработка, размена на искуства на полето на правосудството со фокус на делот на отвореноста на институциите, транспарентноста, како и правосудниот систем во процесот на пристапување на земјава кон ЕУ.
Зоран Пичуљан е државен комесар на Република Хрватска за спроведување и остварување на правото на пристап до информации и надзор врз спроведување на законите и воспоставување на меѓународна соработка и соработка со телата на ЕУ. Комесарот за информирање е самостоен и независен, а за својата работа одговара пред Хрватскиот сабор.
Ново на Сител
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф