Средба на претседателот Пендаровски со вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј
Претседателот Стево Пендаровски денеска во Истанбул оствари средба со Неговата Сесветост г.г. Вартоломеј Први, Архиепископ Константинополски на Нов Рим и Вселенски патријарх.
На средбата претседателот Пендаровски искажа благодарност до Вселенскиот Патријарх за посебната улога која ја има во надминувањето на црковниот спор поврзан со нашата црква. Преку неговата одлука од 9 мај 2020 година, денес нашата Црква се наоѓа во канонско единство со другите православни цркви, прифатена како рамноправна со сите останати.
На средбата беше констатирано дека единствениот пат за добивање на легитимен и целосно прифатен Томос за автокефалност е оној кој го издава Вселенската Патријаршија.
Поради тоа очекуваме, како држава и Црква од врховното институционално тело во православието, да ни го додели официјалниот документ за црковна самостојност - Томос за автокефалност.
Со одлуките на Вселенската Патријаршија на нашата Црква и се признава правото на користење на името Охридска Архиепископија, што значи црковен континуитет од 1000 години.
Целосното заокружување на процесот на автокефалност е и од врвен национален интерес, бидејќи отвара можност за ново и духовно растење на Охридската Архиепископија, напредок и помирување во македонското општество и држава.
Ново на Сител
-

Предизвикот „24ч Адреналин“ ќе ги поврзе воздухот, земјата и водата во еднодневна авантура низ Македонија
-

Еден загинат, 16 повредени во инцидент на Парадата на гордоста во Берлин
-

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“
-

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес
-

Сончево и ветровито
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
