Средба на премиерот Заев со раководството на „ТАБ МАК“: Новите инвестициски циклуси креираат нови работни места и се важни за економскиот развој
Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов, остварија средба со раководството на словенечката фабрика „ТАБ МАК“ за оловно-киселински акумулатори.
Во фокус на разговорот беше новиот инвестициски циклус на „ТАБ МАК“ од Пробиштип, во вредност од 30 милиони евра, што подразбира зголемување на капацитетите во производство на стартер батерии.
Премиерот Заев истакна дека државата во консултација со деловната заедница и сите засегнати страни креира деловен амбиент за рамномерен регионален економски развој и додаде дека ваквите инвестиции значат отворање на нови и добро платени работни места.
Менаџментот информираше дека во моментот во „ТАБ МАК“ работат 530 лица кои и во услови на пандемија продолжија да работат, со финансиските мерки за помош од државата. На средбата беше заклучено дека новата инвестиција ќе отвори работни места не само во Пробиштип, туку и во целиот регион, што значи можност за повисок стандард за граѓаните и економски развој на регионот.
На средбата беше констатирано дека инвестициите на компаниите се од витално значење за економијата на локално, но и на државно ниво.
Компанија „ТАБ МАК“ од индустриската дејност, дури 97 проценти од производството го пласира на странскиот, главно европски пазар.
Ново на Сител
-
Орбан: Европа под водство на Фон дер Лајен оди кон провалија
-
МЗ: Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи
-
Министерство за здравство: Ја следиме состојбата со пожарот во Трубарево, во координација сме со сите надлежни институции
-
КМФМ се оградува од настанот кој ќе се одржи во Јане Сандански: Шоу настан на кој наши членови нема да земат учество
-
Кикбоксерите со своите светски медалисти повторно на сопствен трошок отпатуваа на Европското јуниорско првенство
-
Пожар во фабрика во Трубарево, го гасат повеќе екипи, пожарникарите интервенирале и во Лисиче
-
Зидан постигна договор со Француската фудбалска федерација
-
Уапсено 40-годишно лице од Куманово, возело со 1,57 промили алкохол во крвта