Средба на премиерот Димитриев со словенечката министерка за одбрана Катиќ

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска оствари средба со Андреја Катиќ, министер за одбрана на Република Словенија.
На средбата биле поздравени одличните односи кои постојат помеѓу двете земји и била искажана посветеност за нивно континуирано унапредување во сите сфери од взаемен интерес.
Како што соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, двете страни изразиле задоволство од билатералната соработка во областа на одбраната и безбедноста, како и од соработката на двете земји во овие сфери во регионален мултилатерален контекст.
- Беше поздравена иницијативата за воспоставувањето на балкански медицински наменски сили чиј штаб ќе биде отворен утре во Скопје, а во кои ќе партиципираат претставници на армиите на Македонија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора, стои во соопштението.
Димитриев и Катиќ ја потенцирале значајноста на потребата за членството на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО.
Премиерот за спроведување на изборите Димитриев се заблагодарил за поддршката која Република Словенија и ја дава на Република Македонија за реализацијата на нашите европски и евро-атлантски интеграции, како и за соработката во реализацијата на реформите значајни за унапредување на стандардите во секоја општествена сфера.
На средбата станало збор и за предизвиците во врска со мигрантската криза, при што од страна на словенечката министерка за одбрана Катиќ била акцентирана клучната улога која Република Македонија ја има во рамки на процесот за менаџирање на овие предизвици.
- Беше реафирмирано дека за справување со предизвиците на мигрантската криза е потребен координиран пристап на земјите членки на Европската Унија и земјите кои се наоѓаат на балканската рута, и продолжување на соработката и координираните дејствија на сите земји на рутата, се вели во соопштението.
Соговорниците разговарале и за други теми од областа на соработката во сферата на одбраната и безбедноста.
Ново на Сител
-

Од силен ветер падна парче лим од покрив на зграда во центарот на Куманово
-

На осумчлено семејство во пожар му изгореа куќата и еден тон тутун
-

Повторно две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони
-

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура
-

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим
-

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти
-

Фаустин-Арчанг Туадера се кандидира за трет претседателски мандат на изборите во ЦАР
-

СБ на ОН ќе се состане утре поради израелското признавање на Сомалиленд
