Србија зад кандидатурата на Романката Симона Микулеску за генерален секретар на ОН

Србија ќе застане зад кандидатурата на Романката Симона Микулеску за генерален секретар на ОН. Микулеску, актуелна директорка на Канцеларијата на ОН во Србија, за оваа престижна функција директно ќе биде кандидирана од актуелниот генерален секретар на светската организација, Бан Ки Мун, велат дипломатски извори за белградскиот весник „Блиц“.
Како што весникот објаснува, Србија дефинитивно нема да има свој кандидат, туку ќе и даде поддршка на Симона Микулеску.
Поранешниот шеф на српската дипломатија, Вук Јеремиќ, кој ја извршуваше функцијата претседател на Генералното собрание на ОН и имаше намера да се кандидира за наследник на Бан Ки-Мун, не доби поддршка од српската Влада за своите замисли.
- Евентуалниот избор на Симона Мирела Микулеску за водечкото место во ОН ја олеснува фактот дека е усвоен ставот на таа позиција првпат да се најде кандидат од источна Европа, како и дека за првпат тоа треба да биде жена, за „Блиц“ вели Зоран Трифуновиќ, директор на Центарот за отворен дијалог.
Симона Микулеску има дипломатска кариера дплга дури 24 години.
Од 2008 година таа била постојана претставничка на Романија во Обединетите нации, додека кон средината на оваа година, со одлука токму на Бан Ки-Мун, таа е испратена на функцијата во Србија.
Ново на Сител
-

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија
-

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз
-

Мицкоски: Со поддршката од граѓаните ќе имаме убедлива победа во Демир Капија, за напредок и реализација на многу проекти
-

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина
-

Николоски од Росоман : Проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, изградба на влезот во Сирково, поддршка за земјоделците
-

Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција
-

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си - Трамп: Справување со надворешните ризици, технолошка самостојност и раст на домашната побарувачка
-

Србија чува најмногу злато од државите од поранешна Југославија
