Србија планира до 2021 година да биде подготвена за членство во ЕУ

Српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ изјави дека Србија има план до 2021 година да биде целосно подготвена за членство во ЕУ.
Таа во интервју за весникот „Политика“ истакна дека од Брисел е потребна попрецизна временска рамка, со цел Србија да може да ги планира не само сопствените активности, туку и буџетот.
На прашањето колкави се шансите Србија да добие јасен датум за членство во Унијата, таа нагласи дека очекува „појасно одредување“ и оти е потребна попрецизна временска рамка од Брисел, но не и конкретен датум.
- Ние знаеме која е наша работа во однос на она што им го ветивме на граѓаните, а тоа се реформите, кои се огледуваат и низ достигнување на критериумите за отворање на поглавјата. Многу претходни влади во Србија ветуваа датуми и години за членство, па реалноста ги демантираше. Наш план е до крајот на 2020 - 2021 година да бидеме целосно подготвени. Бидејќи кога ќе се затворат сите поглавја, тогаш државите членки во своите парламенти треба да го ратификуваат договорот за членство. Некои дури одржуваат и референдум за тоа прашање. И ние можеме тогаш да одржиме референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат. Затоа нас не интересира каков е планот на ЕУ. Тоа е легитимно прашање, изјави српската министерка.
Ново на Сител
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
-

Македонија првпат добива нови електрични еколошки автобуси
-

Дејан Јованов излегува од притвор
-

По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
-

Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање
-

A1 Групацијата го забрзува ICT растот: Вештачката интелегенција и Cloud во центарот на дигиталната трансформација
-

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно девојче пренесено во болница
-

Силувал малолетничка, ја демнел и барал експлицитни фотографии од неа - приведен 17-годишен скопјанец
