Србија: Одлуката на Хрватска претставува кршење на човековите права

Забраната за влез во Хрватска за српскиот министер за одбрана Александар Вулин претставува кршење на основните права врз кои се темели Европа и нема да придонесе за добрите односи меѓу Србија и Хрватска, изјави потпретседателката на српската Влада, Зорана Михајловиќ.
- Слободата на движење и слободата на говор се основни човекови права врз кои се темели ЕУ. Меѓутоа, овие европски правила во Хрватска не важат. А, доколку оваа одлука се донесе во време кога Србите, Евреите, Ромите и Хрватите се сеќаваат на страдањата во усташкиот логор Јасеновац, тогаш оваа забрана има една целосно друга конотација и порака, истакна Михајловиќ во своето соопштение.
Таа додаде дека Хрватска има право да не и се допаѓа тоа што го говори еден член на српската Влада, како што и на никого во Србија не му се допаѓа тоа што последните денови за неа го кажуваат хрватските власти, поради „наводниот инцидент“ предизвикан од лидерот на радикалите Воислав Шешељ.
- Србија не е и нема да биде она што го претставува Воислав Шешељ и ние ќе направиме се што можеме да ја сочуваме стабилноста во регионот. Од друга страна, Хрватска покажува дека има многу повеќе слични на Шешељ. Бидејќи одлука за забрана за влез на министер на српската Влада, може да ја донесе само оној кој се уште е заробен во политиката на минатото, на национализмот и злосторствата над другите народи, нагласи српската вицепремиерка.
Со слична реакција за забраната за влез во Хрватска, веднаш се огласи и самиот министер за одбрана Александар Вулин, кој одлуката на хрватската Влада ја оцени како провокација и обид да се замолчи некој кој ја говори вистината за концентрациониот логор од Втората светска војна - Јасеновац.
- Најстрашната вистина за Јасеновац не е само тоа што навистина се има случено таму, туку тоа што денешна Хрватска не сака ниту да се покае за тоа што ги има направено, изјави Вулин за РТС и најави дека за ова одлука на хрватскиот државен врв наскоро ќе се изјасни и српскиот претседател Александар Вучиќ, „онака како што и прилега на една сигурна и стабилна држава“.
Вулин смета дека „ова е обид на Хрватска да замолчи некој кој ја говори вистината за Јасеновац“.
- Тешко е да се оди во Јасеновац на гробот на убиените деца, а потоа во Блајбург на гробот на касапите на тие деца. Нас не боли ова сеќавање, но некој мора ова веќе еднаш да го каже. Се каеме и нема да одиме во Блајбург да положиме венци на гробовите на усташите, истакна Вулин.
Хрватското Министерство за надворешни работи и европски прашања синоќа соопшти дека српскиот министер за одбрана Александар Вулин не е добредојден во земјата, поради неговата изјава дека за доаѓањето во Хрватска може да одлучи само Врховниот командант на српските вооружени сили, претседателот Александар Вучиќ, а не хрватските министри, што е оценето како „несоодветен и неприфатлив обид да се негира суверенитетот на Република Хрватска".
Ново на Сител
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
